Финска се плаши од Русија и затоа не сака влез во НАТО

Финска ќе треба сериозно да размисли околу своето влегување во НАТО поради руските агресивни дејствија во Украина, и ќе треба да организира референдум по ова прашање по изборите во 2015 година, смета финскиот министер за одбрана Карл Хаглунд, објавува „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

„Русија не треба да биде изненадена дека во нејзината соседна земја се води дебата за членството во НАТО. Русите сами го наметнаа тоа“, рекол финскиот министер и ја посочил како пример кусата војна меѓу Москва и Грузија во 2008 година, како и дејствијата во Украина.

„Иако Русија не е закана за Финска сега, таа сепак е непредвидлива“, посочил Хаглунд.

Тој уверувал дека за Русија нема основ за закана од Финска, ако таа стане член на НАТО.

„Членството на Финска во НАТО нема да биде закана за никого“, рекол тој

Новиот фински премиер, Александар Стуб, кој ќе ја преземе функцијата идната недела, рекол дека би сакал неговата земја да поднесе кандидатура за членство во НАТО за време на следниот мандат на парламентот, кој треба да биде од 2015 до 2019 година.

Истражувањата на јавното мислење, пак, покажуваат дека само една петтина од Финците ја поддржуваат идејата за членство на својата земја во НАТО. Инаку, Финска, која е членка на Европската унија, има комплицирана историја со Русија.

Оваа земја стана независна од руската империја по бољшевичката револуција во 1917 година, но потоа едвај да не ја загуби битката со СССР во текот на Втората светска војна.

За време на Студената војна, Финска имаше ги задржа своите тесни економски врски со Западот, но постојано одбегнуваше политичка конфротација со Русија.

Независно дали Финска ќе стане дел од НАТО или не, земјата треба да ги зголеми расходите за одбраната и тоа за 200 милиони евра, за да си гарантира една надежна заштита, смета министерот за одбрана Хаглунд. Во 2012 година, буџетот на одбраната на земјата изнесувал 3,1 милијарди евра.

Во однос на санкциите против Русија, кои ги воведоа САД и ЕУ, кои ги опфаќаат визните ограничувањата и замрзнување на сметките, Хаглунд препорачал да се дополнат со забрана за трговија со оружје.