Финските националисти избраа десничар за лидер, нанесувајќи ѝ удар на владата

Jarno Kuusinen / AOP

Финската европскептична партија Партијата на Финците, членка на владејачката коалиција, го избра во саботата за свој претседател десничарот кој се противи на имиграцијата, што веројатно ќе ја зацврсти националистичката политика на партијата и најавува проблеми за владата на Финска.

На конгресот на Партијата на Финците, 56 отсто членови гласаа за пратеникот во Европскиот парламент Јуси Хала-ахо, а 37 отсто за поумерениот министер за култура Сампо Терхо.

Хала-ахо, кој сака Финска да излеза од Европската унија, најави дека ќе го зацврсти притисокот врз своите коалициски партнери од десниот центар да ја заострат имиграциската политиа и дена нема да остане во трипартитната влада по секоја цена.

„Мораме да бидеме поагресивни во поставувањето на прашањата според коишто ќе се разликуваме од другите партии“, изјави за новинарите по гласањето, говорејќи за имиграциската политика на ЕУ.

Финскиот премиер Јуха Сипила од Партијата на центарот, кој сѐ уште не ја коментираше иднината на неговата влада, ќе се сретне со Хала-ахо во понеделник.

За Партијата на Финците велат дека потекнува од руралната провинција, а новиот претседател треба да се насочи кон порадикалниот десничарски популизам. Партијата порано се викаше Вистински Финци, а позната е по компликувањето на преговорите за спасување на презадолжените членки во текот на кризата во еврозоната.

Станувајќи втората партија во парламентот според мандатите, ги ублажи своите ставови, но поддршката ѝ се намали од 17,7 отсто од 2015 години, на околу 9 отсто на почетокот од јуни.

Врховниот суд на Финска во 2012 година го казни Хала-ахо поради коментари на блог во коишто го поврзуваше исламот со педофилијата, а Сомалијците со криминалот.