Финти при шминкање што ќе ви помогнат побрзо да излезете од дома

Успевате да се нашминкате во целост наутро? Или пак и вие сте од оние што одвај успеваат да стават малку пудра и маскара пред да полетаат кон вратата. За среќа, сепак постојат неколку „финти“ што ќе ви помогнат да не губите многу време и да трошите многу производи за целосно да го трансформирате вашиот изглед. Еве неколку финти што ќе ви помогнат да го промените изгледот и побрзо да излезете.

  1. Искористете ја до крај маскарата

maskara-ajlajner

Секако, маскарата ќе ги истакне вашите трепки, но исто така може да игра улога и на молив или туш за очи кога брзате. Додека ставате маскара, нанесувајте го производот се до коренот на вашите трепки. Нанесувајте ја долж целата линија на трепките, така што многу малку од бојата ќе остане и на кожата и така ќе го добиете изглед како да сте ставиле молив за очи за неколку секунди.

  1. Стратешки користете ја пудрата

Мора да зaпомните дека не ви треба пудра на целото лице. Наместо тоа, фокусирајте се на централниот дел од лицето, така што ќе го нанесете производот во Т-зоната – хоризонталната линија што се протега од под едно око до под другото и вертикална линија надолу кон центарот на лицето, од почетокот на носот до брадата. Овие делови од лицето најчесто имаат проблем со бојата (темни кругови, црвенило околу носот) и таму жените имаат најмногу потреба за покривање.

Откако ќе ја формирате буквата Т, со помош на врвовите од прстите или со сунѓер за шминка размачкајте го рамномерно производот. Мора да се напомене дека оваа техника придонесува и за поприроден изглед. Нанесувањето на премногу пудра на целото лице и на вилицата може брзо да направи вашето лице да изгледа како маскирано.

  1. Направете ги најбрзите зачадени очи

Послужете се со овој пример од социјалните мрежи и направете ултра едноставни зачадени очи. Прво нанесете сенка на очниот капак во целост. Потоа земете моливче за очи (со една или две нијанси потемно) за да нацртате по еден мал хаштаг симбол на надворешниот агол на двете очи, потоа размачкајте го навнатре со стапче за уво. На овој начин ќе добиете длабочина, дефиниција и драма без да мора да користите милијарда продукти со комплицирани упатства.

  1. Направете вашиот кармин да трае

Сите сакаме исполнети усни…. Се додека целиот кармин не остане на филџанот за кафе. Но, нема потреба постојано да ги боите усните и да ставате слој врз слој кармин се додека не добиете долготрајна боја. Поминете со прстот на карминот, потоа нанесете го на хартиено шамивче. Со помош на голема четка за пудра напрашете малку камена пудра врз шамивчето – она што ќе остане ќе го „зацврсти“ карминот, без да изгледа како креда или суво.

  1. Лажни будни очи

За да одглумите дека сте во целост будни и кога не сте: Нанесете моливче за очи во месо боја или кремасто на горната и долната линија од окото. На овој начин ќе го осветлите целиот дел околу очите па тие ќе изгледаат поголеми и будни.

  1. Ви требаат светкави капаци

zacadeni-oci-1

Кога ќе се уморите од старата иста сенка за очи, треба да почнете да мислите за нешто сосема ново. Било кој сјај за усни (па дури и балзам за усни) над вашата вообичаена сенка ќе даде суптилен сјај што во целост ќе го трансформира изгледот од секојдневен во посебен. Оваа финта можете да ја пробате секој пат кога ви треба брзо да го трансформирате изгледот на очите, на пример кога доцна навечер од работа одите на излегување.

  1. Затоплете ја алатката за виткање трепки

Вашата алатка за трепки можете да ја претворите во супер топла алатка за долготрајни, мега-кренати трепки. Насочете го фенот за коса кон алатката неколку секунди пред да ја користите истата; топлината ќе помогне за повеќе да се кренат трепките, без да морате да виткате повеќе пати или да трошите време нанесувајќи неколку слоја маскара.