Спорт

Фиорентина сигурна, на ред е Рома и Интер

Фиорентина сигурна, на ред е Рома и Интер

Фудбалерите на Фиорентина ја искористија предноста на домашниот терен и со сигурниот триумф од 2:0 во дуелот со екипата на Киево, обезбедија пласман во следната, 1/4 финална рунда од Купот на Италија.

Претходно, пласман во следното коло обезбеди екипата на Јувентус, а денеска ќе се одиграат уште два натпревара.

Рома важи за апсолутен фаворит во дуелот со секогаш незгодниот тим на Сампдорија, а далеку поголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Удинезе и Интер.