Фирми и граѓани на УЈП и’ должат 280 милиони евра

Повеќе од 3.500 фирми и повеќе од 1.000 граѓани на Управата за јавни приходи (УЈП) должат вкупно 280,8 милиони евра.

На последната листа со најголеми должници за долгови што стасале за плаќање до крајот на март по основа на ДДВ, данок на добивка, данок на доход, акцизи и социјални придонеси има познати компании, ресторани, продукциски куќи, но и државни компании.

Од Скопје се трите компании што имаат најголем поединечен долг, односно секоја на УЈП должи по околу 18,6 милиони евра. Листата ја предводи компанијата „Ел аѕтека“, втора е „Мотар коач индустрија“, а трета „Ел дон Kастило“. На високо четврто место е компанијата „Македонијапат“, која по основа на неплатени даночни обврски сега должи 6,6 милиони евра. „Македонски шуми“ имаат долг од 5,2 милиони евра, а долгот на „Македонската радиотелевизија“ е 1,7 милион евра.

Од државните фирми   предничат Македонија пат со долг од околу  6,5 милиони евра,  Македонски шуми со над 5 милиони  и македонската радиодифузија – близу половина милион евра.
 Македонија пат     –   6. 676.786 денари
Македонски шуми – 5. 240.751 денари
Македонска радиодифузија –  469.104 денари
Македонска опера и балет –     32. 888 денари
Долгот на МРТ изнесува еден милион 705 илјади евра.  Следува Алфа ТВ ДОЕЛ Скопје со долг од речиси 225 илјади евра.  На црната листа се и поголеми општини како и градот Скопје чиј долг кон државата изнесува околу половина милион евра . Тука се и дел од комуналните претпријатија..
Град Скопје – 405. 755 денари
Општина Охрид – 30.103 денари
Општина Дојран – 7.094 денари
Водовод и канализација Богданци – 190. 471 денари
Комунално јавно претпријатие Пробиштип – 336. 447 денари
Јавно претпријатие Миравци   –  4.4517 денари.