Фирми се обиделе да избегнат царина во износ од околу милион денари

Во првиот случај,  фирма увозник од Кочани за увозно царинење пријавила машина за лемење во вредност од 95 илјади евра со преференцијално потекло од Франција, царинска стапка 0% и увозни давачки во износ од 1 милион денари.

Сепак, Царинската управа по барањето упатено до Царинската служба на Франција за дополнителна проверка на приложените докази, добила одговор дека стоката не ги исполнува условите за стекнување со преференцијално потекло и истата е со царинска стапка од 10%.

Врз основа на новоутврдената вредност на стоката извршена е дополнителна пресметка за наплата на царински долг по предметната декларација, при што е утврдена разликата во увозни давачки од 915 илјади денари, од кои 775 илјади денари по основ на царина и 140 илјади  денари по основ на ДДВ.

Штипска фирма се обидела да избегне царина за ХТЗ опрема

Фирма увозник од Штип…