Фирмите можат да поднесат годишни сметки до 15 март

На истекот на рокот, следната недела во среда, Централниот регистар ќе врши прием на годишни сметки за 2016 година во хартиена форма за трговци поединци и самостојни вршители на дејност во сите регистрациски канцеларии ширум Македонија од 08:00 до 20:00 часот.

На 15 март Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во просториите на општините  Кратово и Крушево и во просториите на Уни банка во  Демир Хисар, во периодот од осум до 16 часот.