Фирмите од општина Центар ќе јадат глоба од 5.000 евра

Попладневно пред влезовите во зградите кои гравитираат на територијата на општина Центар осамна соопштение во кое општината им дава рок од 10 дена на фирмите да се иселат од просториите во кои се наоѓаат. Рокот е сосема неразумен, а ова е соопштението кое екипата на НетПрес го затекна залепен на еден објект:

Општина Центар-Скопје ќе ги преземе сите законски мерки против правните и физичките лица сопственици на гаражи, посебни делови од објект, станови или дел од станови кои без одобрение извршиле пренамена на истите. Се задолжуваат сите сопственици на гаражи, посебни делови од објект, станови или дел од станови кои немаат извршено пренамена од станбен во деловен простор и обратно, во рок од 10 дена да ги вратат истите во поранешна состојба, во спротивно ќе бидат изречени казнени мерки:

– По член од 134 став 4 од Законот за градење:
Овластениот градежен инспектор доколку констатира дека сопственикот на посебен дел од објектот, стан или дел од станот извршил пренамена без одобрение за пренамена од член 97 став 3 од Законот за градење, ќе донесе Решение со кое ќе го задолжи сопственикот да го врати посебниот дел од објектот, станот или делот од станот во првобитна состојба.

– По член од 161 став 1 точка 2 од Законот за градење:
Глоба во износ 3.000-5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице сопственик на објект ако:
Изврши пренамена на станбен во деловен простор и обратно без издадено одобрение за пренамена (член 97 став 2 и став 3)

– По член од 161 став 2 од Законот за градење:
Глоба во износ 1.000-3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице сопственик на објект ако:
Изврши пренамена од станбен во деловен простор и обратно, без дадено одобрение за пренамена ( член 97 став 2 и став 3)