Македонија

Фирмите со над 35 вработени, ќе треба да вработат и лице со инвалидност

Фирмите со над 35 вработени, ќе треба да вработат и лице со инвалидност

Сите приватни компaнии и јавни институции кои имаат повеќе од 35 вработени ќе имаат законска обврска да вработат по едно лице со инвалидитет. Воведувањето на квотниот систем е новина во предлог Законот за вработување на лица со инвалидност, што треба да ја подобри стапката на вработеност на овие лица и да ја зголеми нивната општествена инклузија и пред се’, да ја подигне свеста за положбата на лицата со инвалидитет.

Денеска се одржува првата јавна дебата по повод новите законски измени, на која учествуваат релевантни граѓански здруженија.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, вели дека се работи за нов концепт , за кој министерството користело искуства од евроските држави и од регионот каде што е имплементиран овој закон, а била користена и експертска помош од меѓубародната отрганизација на трудот.

„Со новиот концеп се прави значителен исчекор. Новиот закон треба да го подобри вработувањето на лицата со инвалидност и да ја подигне јавната свет, како и да се влијае на подообрувањето на пристапноста за вработување на инвалидите во Македонија. Ова е начин да се подобри инклузијата во сите компании. Се предвидува квотен систем за вработување на инвалиди. Се предлага одложена примена на овој закон од октмври следната година  со цел сите компании и иннституции да се подготват за примената ана законот“, вели Спасов.

Како дел од новитетите во законот, министерот посочи дека се предвидува и финансиски стимул за компаниите, односно  ослободување од плаќањ на  социјални придонеси и персонален данок. Парична помош  од 200.000 денари за прилагодување на работното место, до 300.000 денари за заштитните друштва, и 300.000 денари за грант за самовработување за лицата со инвалидитет.

Уловите  за заштитните друштва и понатаму отануваат исти, со тоа што досега не плаќале социјани придонеси за сите вработени, без разлика дали се инвалиди или здрави лица, а сега таа обврска ќе ја имаат за вработените кои не се со инвалидитет. Токму кај заштитните друштва се регистрирани многу финансиски злоупотреби  со лицата со инвалидитет, па поради тоа, Министерството го предлага новиот квотен систем, кој би требало да ги реши овие неправлности, но да се зголеми пазарот на трудот за овие лица. Инаку, за да се регистрира една фирма како заштитно друштво, треба да има вработено најмалку 10 лица со инавидитет, и тие да претставуваат 40 отсто од вкупниот број на вработени во фирмата.

„Се направи ревизија од повеќе инспекторати , меѓу кои и УЈП и трудовиот инпекторат, се покажаа недостатоци во однос на функционирањето на заштитните друштва. И токму поради тоа во земјите во Европа е напуштен овој систем на вработување само во заштитните друштва, бидејќи се рабти за затворен систем со  многу поволности, но и со многу злупотреби. Затоа се воведува квотнот систем“, вели Спасов.

Ако фирмата не вработи лица со инвалидитет според квотниот систем се предвидува парична казна од една бруто минимална плата која ќе оди во посебен фонд заедно со 10  проценти од придонесите по основ на неврабртеност што се плаќа за сите врабоѕени во Македонија. Од посебниот фонд ќе се обезбедуваат средстава за ресоцијализација и стручна обука за работа, но и за средства за грант  вработување и самовработување, и за подобрување на можностите за пристапност.

Преку воведувањето на квотниот систем за вработување на лица со инвалидност се овозможува адекватна социјална инклузија на лицата со инвалидност, бидејќи тие работници под исти услови ќе конкурираат и ќе работат на активниот пазар на труд како и останатите работници. Истовремено, компаниите стануваат општествено одговорни бидејќи вработуваат лица со инвалидност.

Претпријатијата коишто веќе имаат вработено лица со инвалидност, или имаат студенти со инвалидност на пракса, лице со инвалидност на работно, односно стручно оспособување за работа, најмногу до шест месеци и лице со инвалидност чие што редовно образование го стипендира работодавачот, нема да подлежат на обврската за вработување на лице со инвалидност.

Во моментот се евидентирани 291-но заштитно трговско друштво со 6.741 вработени од кои 2.455 се инвалиди.

Со предложените решенија во новиот Закон направена е проценка дека 2.059 работодавачи имаат над 35 вработени и со примена на квотниот систем би се вработиле над 5.000 лица. Само во јавниот сектор со примена на квотниот систем ќе се вработат околу 1.700 лица.

Постојниот Закон нема ограничувања претпријатијата да вработуваат лица со инвалидност и да ги користат поволностите, но во основа законот фаворизира вработување на лица со инвалидност во заштитни трговски друштва, додека вработувањето на отворениот пазар на труд е незначително.

Како и во досегашната примена на Законот за вработување на лица со инвалидност и со новиот закон се предлага  да постои Посебен фонд. Новитет претставува составот на Комисијата која ќе управува со средствата, односно наместо Управниот одбор на Агенцијата за вработување се предлага комисијата да е составена од седум члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од три години. Во составот на Комисијата ќе има претставници од: Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Организацијата на работодавачите, Националниот Совет на инвалидски организации на Македонија, репрезентативниот синдикат член на Економско социјалниот совет и генералниот секретар на Владата на Република Македонија.

Елена Кочевска од Полио Плус – движење против хендикеп:  Полио плус уште пре две години во партнерство со министерството за труд и социјална политика го покрена прашањето за активното вклучување на лицата со хендикеп на пазарот на трудот. Овој концепт за граѓаните со хендикеп ќе отовори  нови можности за нивно активно вклучување во општествените процеси.

Лазар Јовевски, доцент по трудово и социјално право: Новите измени се нормативен исчекор во однос на претходниот закон и се усогласени со Конвенцијата 169 од меѓубародната организарција на трудот. Се работи за вработување на лица со инваидитет и активно нивно вклучување на пазарот на труд преку активните мерки што ги предвидува законот. Исчекор е воведувањето на квотниот систем и конечно го фаќаме чекорот со земјите од ЕУ и од регионот. Овој закон навистина овозможува и социјална инклузија на овие лица преку пазарот на труд. Лицата со попреченост може да се вклучат на овој начин во општеството. Тука се покриваат неколку прашања, како за нивната егзистенција, комункација  со останатите граѓани и подигнување на свеста на работодавачите кои се клуч на злоупотребите во пракса , и на пошироката оппштествена заедница. Бидејќи не станува збор за лица кои треба да се избегнуваат и да не се забележуваат, треба да се негува однос на достоинство како и кон останатите граѓани во земјава.