Фишер: Црна Гора следна во ЕУ

Црна Гора оствари значаен напредок на патот кон ЕУ и по зачленувањето на Хрватска, оваа земја се препорачува за следна членка, порачал германскиот амбасадор во заминување во Подгорица, Пиус Фишер.

Тој во текот на посетата кај потпретседателот на Владата и министерот за внатрешни работи и европски интеграции, Игор Лукшиќ, кажал дека се видливи резултатите во областа на владеење на правото и организираниот криминал, и во таа насока изразил очекување  што поскоро да се избере Врховен државен обвинител.

Министерот Лукшиќ кажал дека Германија ја доживува како доверлив партнер на патот кон европските и евроатлантските интеграции и се заблагдарил на досегашната поддршка во овие процеси.