Спорт

Фјури не чекаше многу да го нападне Кличко

Фјури не чекаше многу да го нападне Кличко

Како и секогаш, доминираше предизвикувачот, во овој случај Фјури кому му се исполни желбата да ги вкрсти ракавиците со украинскиот боксер. “Уличарскиот” стил не е карактеристичен за Кличко кој секогаш внимавал на своето однесување иако за неговите противници тоа не е случај.

Фјури не чекаше многу да го нападне Кличко, иако Украинецот излезе на промоцијата со сите можни појаси што ги има во својата колекција.

tyson_fury
Тајсон Фјури на 24 меча нема пораз

„Харизматичен си исто колку и моите гаќи – воопшто. Заинтересиран сум само да ти ја скршам фацата. Спортски психолог си, зборуваш 37 различни јазици… па што. Воопшто не си интересен за гледање. Јас сум свежа крв, ти си старец. Цела Европа сака да те види поразен и така ќе биде. Досега се бореше само против глупаци кои внимателно ги бираше твојот менаџмент, но јас не ти се плашам, ти си ништо. Ми изгледаш старо и изгледа користиш ботокс”, зборуваше Фјури.

Целиот негов монолог, Кличко го проследи со мала насмевка за на крајот кратко да искоментира.

„Моите раце ќе зборуваат погласно од неговата уста”, рече Кличко.

Тајсон Фјури би требало да биде најтежок противник во кариерата на Украинецот. Има 26 години, а во кариерата учествувал во 24 меча и сите ги добил од кои 16 со нокаут. Висок е 206 сантиметри, осум повеќе од Кличко и има распон на рацете од 216 сантиметри, десет повеќе од украинскиот боксер. Последните години, тој неколку пати го провоцираше Кличко да излезат на мегдан, па неговата желба ќе се оствари на 24 октомври кога двајцата ќе се судрат во Дизелдорф.