ФК Пелистер доби нов сопственик

Конечно следуваат подобри денови за фудбалскиот клуб Пелистер.

Имено, денеска денеска беше официјализиран договорот кој беше потпишан пред девет дена помеѓу Општина Битола и новиот доминантен сопственик на ФК Пелистер, битолската компанија „Цермат“.

Годишниот клупски буџет ќе изнесува околу половина милион евра, односно 390.000 од „Цермат“ и 130.000 од општината, со што екипата ќе биде конкурентна и ќе се бори за излез во Европа секоја сезона.

-Не очекувајте дека утре се ќе решиме, ќе се потрудиме постепено само со работа да постигнеме високи резултати. Младите се крвотокот и ние големо внимание ќе посветиме на младинската школа, изјави сопственикот на „Цермат“ Зоран Ристевски и додаде дека соработката со навивачката група Чкембари ќе ја градат и на заеднички средби.

Според договорот „Цермат“ во ФК Пелистер има 75 проценти од акциите. Останатите 25 припаѓаат на општина Битола, но за првите четири години. Во последните две години од договорот Пелистер ќе биде во целосна сопственост на „Цермат“.