ФК Тетекс во раце на руски сопственици?

Тетовскиот тим Тетекс наскоро би можел да добие руски сопственици, пишува „Република“.

Актуелното раководство на клубот договорило заедничка соработка со руски бизнисмени во следните шест месеци во обид да се избегне испаѓањето од елитата.

Русите според информациите на „Република“ добиле зелено светло да го превземат раководењето на клубот, а Тетекс повтoрно своите натпревари ќе ги игра во Тетово, а не во Скопје како што беше практика во минатиот период. Договорот ќе важи за наредните шест месеци, односно за пролетниот дел од првенството.

Тетекс ќе биде вториот македонски тим со руски капитал, по екипата на Вардар чиј сопственик е Сергеј Самсоненко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.