Спорт

ФК Вардар скришно ги претстави новите засилувања

ФК Вардар скришно ги претстави новите засилувања

Седумкратниот шампион на Македонија, ФК Вардар, денеска и официјално ги претстави новите шест засилувања кои ќе го носат “црвено-црниот” дрес но новата клупска сезона.

Денеска во клупските простории, во присуство на извршниот директор Самоил Симев и претседателот Мирко Спасески беа потпишани договори со актуелните македонски репрезентативци Бобан Грнчаров, Благоја Љамчевски, Дарко Глишиќ, Никола Глигоров, ерменскиот репрезентативец Хофханес Хамбаџумјан и хрватскиот голман Матија Кобетиќ.