Спорт

Фламини: Арсенал ќе го нападне Баерн (М)

Фламини: Арсенал ќе го нападне Баерн (М)

Францускиот интернационалец од редовите на Арсенал, Матју Фламини откри дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе го нападне актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М) од првата минута на утрешниот прв 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Свесни сме дека не очекува тежок натпревар. Играме против силниот тим на Баерн (М), но ние сме Арсенал и овој клуб има големи амбиции. Ако сакаш пласман во следната рунда, тогаш мораш да забележиш позитивен резултат во првиот дуел против Баерн (М). Ќе дадеме се од себе, ќе пробаме да го одиграме најдобриот натпревар. Не е лесно да се освои толку посакуваната титула, но ние ќе дадеме се од себе и мора да го нападнеме противникот од првата минута”, изјави искусниот играч за врска.