Фленкенштајн: Опозицијата неможе да ја смени волјата на гласачите

Ниту едно правило не може да ги смени резултатите од гласањето од изборите и опозицијата не треба да ги меша овие работи и сите овие правила и политичката култура не може, на крајот на криаштата да ја сменат волјата на гласачите, на кои не треба да им се работи зад грб. Ова е пораката на германскиот европратеник од редовите на социјалдемократите, Кнут Флекенштајн, искажана кон припадниците на СДСМ на денешната дебата во Брисел за политичка култура со претставници на парламентите од земјите од Западен Балкан, пренесува МИА.

Флекенштајн само се надоврза на своите претходници Кристијан Дан Преда и Елмар Брок, кои го оценија бојкотот на македонското Собрание како катастрофален потег и ја повикаа партијата на Зоран Заев да ги почитува правилата.

Според Флекенштајн, чиј дел од сопартијците во европското социјал-демократско семејство дадоа поддршка на однесувањето на СДСМ во Македонија, има одговорност кај мнозинството да внимава дека опозицијата може да функционира и да претседава не само со собраниски Комисии, туку и да има соодветна клима за работа.

– Но, опозицијата мора да работи во согласност со Уставот и тука Уставниот суд внимава на почитувањето. Ниту едно правило не може да ги смени резултатите од гласањето од изборите и опозицијата не треба да ги меша овие работи. Сите овие правила и политичката култура не може на крајот на криаштата да ја сменат волјата на гласачите, потенцираше искусниот европратеник од Германија.

На напомената од претставниците на СДСМ дека мора да се превземат дејствија и на теренот, а вон Парламентот, тој се согласи, но им порача дека тие се избрани како пратеници и имаат должност да контролираат што прави Владата, како дополнение на работата како пратеник.

– Секоја касиерка во супермаркет, ако не доаѓа на работа ќе има проблем и се согласувам дека пратеници што не одат во парламент и не превземаат должност, дека треба да имаат проблем. Ако сакате да ги решите проблемите, треба да сте подготвени на компромис. Но, гласачите решаваат и не треба да им се работи зад грб, им порача Флекенштајн на претставницитена СДСМ на дебатата во Европарламентот.

Според германскиот европратеник, ако нешто не може да се реши на политичко ниво и ако има криминална активност или некои други проблеми што не може парламентот да ги реши, тогаш е многу важно да има независно судство што може да се занимава со тие проблеми и да го применува законот. Тој посочи дека во Албанија се говорело за криминализација на парламентот и за тоа дека луѓе со кривично досие треба да се исклучат од парламентот.

– Тоа е наш став и во Германија, каде самите медиуми не би дозволиле истото да се случи. На медиумите не би им се допаѓало луѓе од мојата Социјал-дмеократска партија, а со криминално минато, да се на листите, додаде Флекенштајн.

Тој посочи дека со европратеникот Кукан успеале во Албанија и дека е сигурен дека со дипломатските напори на неговите колеги ќе се најде начин и во Македонија да продолжи соработката во рамки на Парламентот.