Фленсбург европски шампион, Лазаров се утеши со третото место

Ракометарите на Фленсбург се сензационални победници во ракометната Лига на шампиони, откако во финалето на фајнл форот во Кел го совлада фаворизираниот Кил со 30:28 (14:16)

Голманот Матиас Андерсон, беше херојот на Фленсбург со извонредните одбрани (вкупно 22 од кои 12 во второто), кој целосно ги откажа ракометарите на Кил од можноста за титула.

Ова беше трето финале за Фленсбург во Лигата на шампионите, а во своето последно во 2007 година, кога се играше по системот два натпревари дома-гости, европскиот трофеј го загубија токму од Кил.

Исланѓанецот Арон Палмарсон, и покрај тоа што неговиот тим загуби во финалето доби утешно признание. Тој е прогласен за МВП на Фајнл форот во Келн.

Ракометарите на Барселона  во чии редови настапува македонскиот интернационалец Кирил Лазаров го освоија третот место, откако во малото финале на фајнл форото во Лигата на шампионите во Келн го совладаа Веспрем со 26:25

Рутенка со 11 погодоци беше најефикасен на натпреварот , а одлична партија одигра и Сармиенто со шест голови. Лазаров на овој натпревар постигна само три гола . Во таборот на Веспрем најефикасен беше Илиш со седум голови