Флорес: Тимот на Сорос во Македонија доживеа неуспех – мешањето на САД е нелегално и неморално

Нема сомнеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, вели во ексклузивно интервју за Нетпрес Јоакин Флорес, директор на тинк-танк Центарот за синкретички студии, уредник на Fort Russ и претседател на независната новинарска Асоцијација за мир.

Во разговор со дописникот на Нетпрес од Атина, Флорес вели дека Македонците се интелегентен и разумен народ кој што согледува дека со оглед на сите предуслови во земјата, ВМРО-ДПМНЕ си ја заврши работата на прифатлив начин што ќе им обезбеди почит и авторитет потребен за да ја предводат и следната влада.

Опозицискиот лидер Зоран Заев пак, според Флорес, во очите на народот претставува една досадна, себична и јавна непријатност која што постојано се заканува и ја држи земјата во заложништво, а негова главна база е албанскиот иредентизам во насока на голема Албанија. Флорес вели дека опозицијата нема што да понуди, освен вазалство кон западот, чија цел е од Македонија да направи премин за “бегалци” и терористи и да ја претвори во “банана” република на која што ќе и биде наредено да се повлече од учеството во големите транспортни и енергетски проекти на БРИКС. Планот на САД за Македонија и регионот вклучува и намалување на културата и социјалниот морал водејќи ги земјите кон сиромаштија, социјална деградација, проституција и хулиганство, смета Флорес.

Нетпрес: Обоената револуција против Македонија беше активирана минатата година, кога опозицијата поддржана од Западот, почна да ги објавува нелегално снимените телефонски разговори од претставници на власта, новинари и бизнисмени, додека истовремено имаше обиди за дестабилизација на земјата преку насилни опозициски протести и терористички напад. Повеќе или помалку, македонските власти со сево ова се справија навремено и ефективно, а рејтингот на лидерот на владејачката партија Никола Груевски сега е шест пати повисок од оној на опозицискиот лидер Зоран Заев. Целата работа што одредени западни амбасади во Македонија ја правеле во смисла на прислушување, систематизирање и процесуирање на милиони телефонски разговори,  како и милионите долари истурени врз петтата колона во земјата, не ја завршуваат работата како што тие се надеваа, но наивно е да се мисли дека ќе се откажат лесно. Што може да очекуваме следно во оваа втора рунда од Обоената револуција против Македонија? 

Вистина е дека е наивно да се мисли дека САД и нивните европски сојузници ќе се откажат така лесно. Најпрвин, мислам дека е важно секој европски центар на моќ да се одвои од безбедносниот апарат во кој што доминира НАТО и кој што значително се навлекува преку Европа. Со проширувањето преку политички и финансиски сектори, особено по 2008 ма, САД имаат значителна контрола врз многу поголем дел од одлуките на ЕУ што се носат на ниво на Брисел, од она што го имаа порано. Во секој случај,  важно е да се придвижиме понатаму за САД и ЕУ да се разберат како евентуално различни сфери на интерес, кои што всушност може да бидат искористени од Македонија и нејзините пријатели во корист на земјата. Секако дека демократските процеси и популарноста на лидерот, без разлика дали е Груевски, Димитриев или било кој друг, се ирелевантни за т.н. запад. Исто така, да разјасниме дека не е важно колку Груевски или кој било после него е пријателски настроен кон европските центри на моќ, вклучително и кон атлантскиот центар поддржан од САД или пак колку неговиот пристап ќе биде разумен. Најпосле, какви отстапки и да направи поради нив, тие се целосно ирелевантни на атлантските потреби. Оваа теза гледаме дека се потврди и откако тој се повлече. Секоја отстапка што атлантистите ја бараат или ја наредуваат, е со цел понатамошно ослабување на македонската држава. Ова нема многу заедничко со Груевски или Димитриев како луѓе, туку целосно се однесува на иднината на Македонија и нејзината државност.

Затоа, важно е да се разбере дека целта на САД и во голема мера на Европа, не е едноставно да го заменат Груевски со некоја марионета. Целата е да се дестабилизира регионот и да се искористи проектот за голема Албанија како оружје насочено кон втурнување на целиот регион во поширок конфликт. Според ова, договорот од Пржино беше неуспех не само за една или друга политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, туку и за суверенитетот на Македонија. Вклучувањето на европски медијатори и тимови за надзор е директно прекршување на правото на Македонија да постои.

Тоа што САД повикуваа на откажување на изборите на 5 ти јуни, не е само очекувано и многу открива, но исто така претставува и силна навреда за сите суверени и слободни луѓе во светот. САД немаат легална или морална основа за да упатуваат такви повици и на таквите повици мора да се гледа како на нелегални и неморални. Овие партии поддржани од САД можеби треба да бидат и цензурирани и забранети од учеството во внатрешниот живот на Македонија. Тие мора да бидат принудени да се регистрираат како конзуларни претставништва на странски влади, а не како политички партии.

Тактиката за Обоена револуција во Македонија пропадна и наместо тоа треба да се насочиме кон директни обиди за државен удар, компромитирање на воените и разузнавачки органи и напади од албански терористи при што секое од нив може да биде изговор за Бугарија да ја повреди македонската територијалност преку воена сила или друг тип на директна интервенција на НАТО.

Тактиката на Обоена револуција бара работите да се движат брзо, а јавното мислење мора да има позитивен став за опозицискиот лидер. Тоа не е случај во Македонија, каде што тимот на Џорџ Сорос се соочи со огромен број на неуспеси и каде што има успешно движење против Обоената револуција кое што е многу популарно. Дополнително е тоа што Заев и досади на публиката.

Заев беше лошо советуван и си играше во политиката наместо да применува “револуционерни” тактики потребни за организација на Обоената револуција. Тој мислеше дека ги држи картите и не ги изигра одеднаш. Но, наместо стратегија, ова едноставно го забави процесот, давајќи им доволно време на луѓето да го согледаат Заев како себична и јавна непријатност. Неговите пропаднати тактики го направија процесот долг и развлечен, што предизвика замор кај целото население. За нив Заев е асоцијација во разговорите околу кризата и логично, за самата криза. Стана јасно за време на овој долготраен неуспех дека Заев беше оној кој што се заканува и ја држи земјата во заложништво. Неговите бројни појавувања на ТВ и отворениот пристап кон жолтото новинарство и сомнителни медиумски машинерии во Македонија не му изградија кредибилитет, туку го оддалечија од него. Фактот дека неговата вистинска масовна база не беше едноставно малцинската македонска либерална класа, туку наместо тоа иредентистичкиот национализам за голема Албанија, стана многу брзо јасен на сите во земјата.

Неуспехот на Заев да инспирира масовно движење независно од албанскиот иредентизам и од приучените и од западот затруени либерали од Скопје, кои што повеќе време живееле надвор од Македонија отколку во Македонија, значеше дека тој се доведе во ситуација да мора да зависи од директните разговори со Груевски. Неговото играње со “политиката” го направи дел од истата т.н. “политичка класа” против која што се обидуваше да се бунтува. Поради овие причини, обоената тактика е без видлив алтернативен лидер, бидејќи беше Заев или ништо и Заев стана ништо.

Нема сомнеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи следните избори. Да бидеме реални, Македонија не е неверојатно богата земја, но она што го има е интелегентен и разумен народ, кој што разбира што е реално, а што не. Со оглед на реалноста во Македонија, нејзините природни и човечки ресурси, нејзините историски фактори итн., мнозинството на гласачи се во право кога согледуваат дека со оглед на сите овие работи, ВМРО-ДПМНЕ си ја заврши работата на прифатлив начин што ќе им обезбеди почит и авторитет потребен за да ја предводат и следната влада.

Затоа не треба да очекуваме уште еден обид за Обоена револуција, не сега. Прво САД ќе вршат притисок врз ЕУ да почне процес на економски санкции против Македонија. Но, ова ќе заврши лошо за нив, бидејќи ќе создаде повеќе простор за инвестиции од други проактивни и заинтересирани земји, било да е тоа Кина или Русија, па дури и Индија, а секоја од нив има голема економија и може да отстапат простор за некои од најголемите извозни продукти од Македонија, како  каталитички производи, центрифуги, феролегури и така натаму.

Кога ЕУ ќе види дека си ги губи можностите во корист на Индија или Русија, затоа што САД ги натерале на тоа, ќе предизвика понатамошни поделби меѓу САД и ЕУ, што е важен развој на настаните во насока на мулти-поларноста и развојот на светските историски фактори. Но Македонија може да се врати кон нормалност и стабилност. Ако директен државен удар или албанска агресија можат да се спречат, тогаш се чини и повеќе од јасно дека иднината на Македонија ќе биде обезбедена во декадите што доаѓаат.

Нетпрес: Многумина денеска сметаат дека примарниот „грев“ на Груевски беше неговиот мултиполарен пристап како во глобалната политика, така и во економијата, согласно националните интереси, додека истовремено негуваше пријателски односи со Русија и покажа отворен интерес за соработка со БРИКС за различни проекти, како кинеската железница „Балкански пат на свилата“ и рускиот „Балкански тек“ гасовод. Што од друга страна опозицијата предводена од СДСМ им понуди на своите западни газди доколку успеат да ги донесат на власт?

Се чини дека вие навистина дојдовте до поентата. Токму тоа е поентата, дека СДСМ нема што да понуди за возврат, освен целосно вазалство. САД нема историски или економски интерес во развојот на Македонија, тие ја гледаат Македонија како сојузник за нивните геостратешки противници и поради оваа причина тие целат кон Македонија. Но, регионален конфликт па дури и војна и дестабилизација и мобилизација на радикализираните вооружени групи од Албанија е единственото што го имаат на агендата.

САД не сакаат ништо за Македонија. Тие едноставно не сакаат нивните противници да најдат пријател со кого што може да соработуваат за овие важни енергетски и транспортни проекти. Првата работа што владата предводена од СДСМ би ја направила е целосна интеграција на македонскиот разузнавачки и безбедносен апарат под команда на НАТО структурите, со што Македонија ќе ја направат само фуснота во папката на НАТО. Номинално, Македонија ќе падне под директна контрола на ЕУ, повеќе од било кога досега видено.

Пристапните преговори со ЕУ ќе продолжат со полна брзина, но не затоа што ЕУ може реално да ги искористи или целосно да ги интегрира важните сектори од македонската извозна економија. Тоа едноставно ќе послужи како историски надминат метод, ќе создаде банкарски шпекулативен балон во Европската централна банка при ЕУ, каде што обврзниците и акциите може да се купуваат и со нив да се тргува, заедно со поврзаниот пазар на деривати на меѓународно ниво. Но, овој балон нема да има опиплива вредност во реалната економија. ЕУ е операционо неспособна да и понуди на Македонија нешто подобро. Може да видиме слична динамика и во Украина, на пример. Преговорите со ЕУ водени од страна на владата на СДСМ ќе бидат медиумски спектакл, а можеби ќе бидат одобрени и шугави 500 милиони евра што ќе бидат фрлени за неколку патишта, поправање на една-две згради, некоја болница можеби ќе има потреба од неколку амбулантни возила ( но одвратно прекриени со знамињата на ЕУ во знак на “благодарност” ). Но тоа ќе биде тоа. Остатокот ќе отиде во оперативниот буџет на СДСМ и парите ќе бидат поделени на стандарден начин. Но тоа не е се.

Со уништувањето и прегрупирањето на Македонија под команда на НАТО, земјата би била осудена да стане банана република како Црна Гора и премин за сириски “бегалци” ( и терористи ) заедно со трговијата со луѓе и опиум која што ќе се зголеми за 10 пати. На мета нема да биде само Македонија, туку и Србија но и сите народи од централна и источна Европа, за да продолжат да ја намалуваат нивната култура и социјален морал, водејќи ги кон декаденција, зголемена сиромаштија, проституција, хулиганство и социјална деградација. Сево ова е поврзано со американскиот општ поглед и план за создавање регионална дестабилизација. Главниот интерес на САД не е економски развој, тоа е само нешто со кое што се рекламираат. Нивниот главен интерес е војната и деструкцијата. Тоа е она што е најпрофитабилно за САД, не само поради придобивките за нивниот воен индустриски комплекс, туку и поради тоа што со економското уназадување на противникот, во смисла на бројките и предвидувањата, е речиси идентично поволно како самите да се придвижиле кон напред.  Затоа што според структурата САД не е во можност да се придвижи себе си кон напред, нивната главна стратегија е да ги уназадат другите, преку физичко уништување на инфраструктурата, демографските групи, индустријата и реалната економија.

Нетпрес: Истата западна медиумска машинерија за пропаганда која што го демонизира рускиот претседател Владимир Путин, од изминатата година почна со агресивни напади кон македонската владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, додека особено на мета е лидерот Никола Груевски. На пример, тие го нарекуваат диктатор иако има шест пати поголема поддршка од опозицискиот ривал Заев. Што е она што Груевски и Путин го имаат заедничко што од нив направи “непријатели” на Западот ?

Со оглед на тоа што јас сум независен новинар и аналитичар, можам да зборувам слободно за многу работи. И можам да кажам и некои работи кои што можеби ќе вознемират некои луѓе, но доколку размислат подобро, ќе сфатат дека тоа навистина има смисла. Вистината е дека гледано низ историјата, опонентите на САД секогаш беа очигледно, отворени и инспиративни лидери од самиот почеток. Ги имавме Гадафи и Лумумба во Африка, Насер во Египет, Хо Ши Мин во Виетнам итн. Тие им рекоа на САД: Ние сме ваши противници! Ова беше очигледно и секако дека лесно станаа американска мета, при што исто така беа користени луѓе од овие земји како платеници.

Груевски, исто како и Путин, се личности од поновата ера, во која што политичката интрига и геополитичките тактики еволуираа и станаа покомплексни. Тие всушност го прелажаа западот. Тие дојдоа на сцената велејќи: Ние сме разумни луѓе и овде сме за бизнис. Банкарство, инвестиции, нема проблем. Како може да направиме договор ? Тие го зборуваа јазикот на Западот и ги наведоа западните лидери да веруваат дека тие се “нивни луѓе”. Да бидеме искрени, тие можеби пушеле пури и пиеле шампањ со западните лидери. Или пак пиеле вино и играле голф, или што и да е. Тие дури успеаја да донесат и привлечат други олигарси и елити во земјата, кој што себе си се сметаа за блиски до западот. Но, тие го искористија ова за да купат време,  за да го заживеат независниот безбедносен и разузнавачки апарат, за да ја прошират својата меѓународна база на поддршка и врски надвор од сферата на доминација на САД. Тие ги реорганизираа политичките структури и економијата и ова го сторија безшумно и на таков начин што дури и најдобрите западни разузнавачи остана збунети. Додека западот сфати со што се соочува овде, беше предоцна. Ова е тоа што го разлути западот и ова е тоа што Путин и Груевски го споделуваат.

Тие исто така споделуваат и слично сфаќање за реалноста. Да, сигурно е дека тие се реалисти. Но, тие исто така сфаќаат што е она што навистина се исплати.

Да се биде добар Европеец повеќе не вреди колку порано, цената е премногу висока. Груевски, како и Путин, многу од себе му дадоа на својот народ. Ова го мислам и буквално, физички, нивните вистински линии или јажиња се поддршката на народот. Без народната поддршка, не може да ја имате моќта нешто да промените. Дури и од позиција на чист самоинтерес и Макијавелистички реализам, да се биде западна марионета не значи ништо освен дека ќе ви бидат овозможени неколку почесни наслови и позитивен третман во западните медиуми. Но, што ако ? Како што ве впишале, така и ќе ве испишат. Затоа, мислам дека Груевски и Путин имаат исто, рационално и реалистично сфаќање на власта и на тоа зошто народната поддршка е толку важна. За да ја имаш народната поддршка, всушност мора да му дадеш нешто назад на народот. А бескорисно е да ја имаш поддршката на слаб народ, па затоа треба да изградиш, да ги изградиш народот, нацијата и државата, да ги направиш силна и кохерентна единка. Така што личните интереси се директно поврзани со интересите на нацијата, на народот. Овој механизам осигурува дека Груевски ќе биде во позиција да носи одлуки доколку прави работи кои што ја прават Македонија посилна.

Нетпрес: Кога сево ова ќе заврши, треба ли Македонија да размисли во насока на следење на примерот на Русија во однос на Законот за невладини организации и по сериозно испотување, можеби и да забрани дел од т.н. невладини кои што изгледа дека не се ништо друго освен алатка во рацете на оската на злото со цел уривање на “непослушните” влади и предизвикување хаос во таргетираните земји со долгорочни последици?

Ова е лесно. Секако дека треба. Овие невладини организации треба во најмала рака да се дефинираат како СВО – странски владини организации и треба да бидат принудени да се регистрираат преку истите владини конзуларни официјални барања кои што важат и за амбасадите. Некои невладини организации тврдат дека се интересираат за здравствена грижа, репродуктивни права, грижа за деца ( образование и педагогија ) итн. Во реалноста, тие се платенички организации со цел да се поттикне пенетрацијата и странската контрола. Но, тие можеби имаат и двојни намени и овој ден може и да е добар. Значи, во најмала рака, безбедносни и разузнавачки служби на Народниот правобранител, обучени од страна на Русите, треба да бидат вработени од македонската држава и назначени да работат во овие канцеларии. Јас не зборувам за пребарувања со потерници, но размислувам во насока на постојани правобранители чија работа е да го надгледуваат нивното работење и тоа во иста канцеларија. Значи, ако една невладина организација за здравствена грижа добро работи, тогаш супер, пуштете ги нека работат. Можеби е добро за Македонија. Но, тие мора да бидат надгледувани одблизу за да сте сигурни дека тие го исполнуваат својот мандат и ништо повеќе.