Флоријан Бибер: Проширувањето на ЕУ е доведено во прашање

Реонот на западен Балкан повеќе не е во центарот на вниманието на Европската унија, со што сериозно е доведена во прашање политиката на проширување на ЕУ, смета директорот на Центарот за студии за Југоисточна Европа при Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.

 Во Брисел не можат отворено да кажат дека се против проширувањето на Унијата, но доста од европските лидери повеќе не се за прием на нови членки, наведува Бибер во интервју за деншениот број на белградскиот весник „Политика“.

Тој оценува дека ЕУ е длабоко поделена по прашањето на мигрантската криза, Брегзитот, економските проблеми и „кризата на демократските процеси во Полска и Унгарија“.

Според него, во такви услови реонот на Западниот Балкан се соочува со опасност за дестаблилизација, имјаќи предвид дека и 25 години по војните, состојбата во овој дел на Европа не е значајно променета.

Причините за кризата сега не се исти. Тогаш нестабилноста беше предизвикана од внатрешни причини, поради националистичките политики што се водеа во 90-те, додека сегашните причини за нестабилноста немаат никакав врска со регионот, туку се последица на мигратнстака криза што ја потресува ЕУ, смета Бибер.

Според него, и покрај одредеби воинствени изјави на некои политичари на Балканот, тој не гледа закана за војна или поширок конфликт во регионот, затоа што „за такво нешто нема пари, а ни граѓаните не се расположени за војување“.