„Курир“: „Фокус“ свесно учествувал во аферата за лажните пасоши

Изворите не исклучуваат дека опозицискиот неделник „Фокус“ во фабрикувањето на аферата со лажни пасоши влегол свесно и со намера, пишува „Курир“ повикувајќи се на извори од истрагата.

Порталот дознава дека новинарот на „Фокус“ кој ја работел аферата со лажните пасоши бил во директна комуникација со членот на СДСМ Захир Бекири- Чауш, кој е првоосомничен и во чиј дом се изработувале пасошите.

Од листинзите на телефонот на Бекири кои се обезбедени, како што пишува порталот, било утврдено дека уште од 2014 година отпочнала соработката на новинарот на „Фокус“ и Чауш.

Заради неговата улога во аферата, дознаваме дека истиот ќе биде повикан за да даде исказ. Изворите не исклучуваат дека „Фокус“ во фабрикувањето на аферата со лажни пасоши влегол свесно и со намера, односно дека не станува збор за аматерски непрофесионален настап на новинар кој не ги проверил своите извори. Во целиот контекст, интересен е и фактот што сопругата на новинарот е блиска соработничка на Радмила Шекеринска и била дел од нејзиниот тим, односно работела во Кабинетот уште кога истата била потпретсдател на Владата, пишува „Курир“.


Порталот потсетува дека врските на Чауш со истрагата се неспорни бидејќи самиот Заев потврди дека станува збор за нивен член кој често доаѓал кај него во Кабинет.

caus-2-1

Заев призна дека Чауш е член на СДСМ

Во текот на…