„Курир“: „Фокус“ свесно учествувал во аферата за лажните пасоши

Во текот на вчерашниот ден беа објавени фотографии кои јасно и недвосмислено ја откриваат евтината лага и манипулација на опозицискиот лидер, бидејќи на очиглед на целокупната јавност излезе на виделина дека приватниот дом за кој зборува Заев, а каде се штанцале пасошите, всушност е домот на неговиот сопартиец Захир Бекири- Чауш, за кого впрочем Заев сам призна дека е член на СДСМ и негов сопартиец.

Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам. Нема бегање од таа работа, ниту некој се плаши, призна Заев на 22-ти декември минатата година при гостувањето во „Топ тема“ на Телма, за потоа на 12-ти декември годинава при гостувањето во Канал 5 уште еднаш категорично да потврди:

Чаушот е член на СДСМ…

Според фотографиите кои вчера ги објавија медиумите токму тепихот ја разоткрива аферата со фабриката за лажни пасоши. На површина излегоа фотографии на кои јасно се видливи детали што упатуваат на заклучокот дека во истата соба каде што се снимени лажните пасоши, многу често престојувал Захир Бекири – Чауш, член на СДСМ и главен осомничен во аферата со лажните лични карти.

Само неколку дена по ексклузивката на „Фокус“, односно на 1-ви декември 2014-та година, лидерот на СДСМ Зоран Заев од трибина во Гостивар изјави дека тоа што се „штанцале пасоши во приватни домови самопотврдувало колку власта е несериозна, колку немало држава и државни институции“.

Да се штанцаат пасоши во приватни домови, ги видовте и сликите и снимките што се излезени. Тоа само по себе најавува што тоа се случува во Македонија за време на избори. И од тие причини, уште еднаш, само оваа афера којашто ја вади Фокус, потврдува колку власта е несериозна, колку нема држава и државни институции и дека се е партија, рече Заев.