Фокусот е нови инвестиции за нови работни места

Премиерот Никола Груевски, во интервјуто за МИА, посочува дека фокусот во новиот мандат  ќе го насочи кон привлекување и стимулирње на нови инвестиции со цел отворање на нови работни места со истовремена реализација на крупните капитални проекти во сферата на патната и железничката инфраструктура како и  продолжување со реформите и мерките кои ќе значат подигнување на стандардот, подобар живот и економски развој, поефикасно образование, попрофесионално здравство, и посилно земјоделие.  

 

Тој дополнува дека големо внимание ќе се посветува и на остварување на стратешките цели поврзани со европските и евроаатланските интеграции, и  зајкнување на правната држава, на демократијата, човековите права, реформи на правосудниот систем, администрцијата како и зајакнување на меѓуетничките односи во земјата.