Македонија,Крими хроника

Фолк пејачка усмрти пешак на Рузвелтова

Фолк пејачка усмрти пешак на Рузвелтова

Позната македонска фолк пејачка е возачот кој вчера усмрти пешак на улицата Франклин Рузвелт во Карпош.

Како што информира дневниот весник Вечер, вчера околу 16:10 часот, на улицата “Франклин Рузвелт” поточно во близина на крстосницата со улицата “Руѓер Бошковиќ”, А.А. (47) од Скопје со својот автомобил ауди, со скопски регистарски таблички, удрила во скопјанецот Киро Деловски (76) од Скопје.

Деловски од ударот се здобил со тешки телесни повреди поради што со возило на Брза помош бил пренесен на скопските клиники. Каде, и покрај напорите на лекарите, по околу два часа починал.

Полицијата извршила увид, а телото на починатиот скопјанец било дадено за обдукција.

Од полицијата велат од познатата пеачка била земена изјава но дека ќе се сочекаат и резултатите од обдукција по што ќе се има целосната слика за тоа што се случило и кои се причините под кои дошло до несреќата.