вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 25

Фолксваген призна каде се корените на тешката измама

Сите знаеле за измамата на Фолксваген, но лојално молчеле

Фолксваген призна каде се корените на тешката измама

Последни вести

Фолксваген призна каде се корените на тешката измама. Германската автомобилска компанија Фолксваген соопшти дека корените на скандалот со лажирањето на податоците за емисијата на штетни гасови датираат уште од 2005-та година.

Компанијата, меѓутоа, наведува дека моменталната ситуација, иако е многу тешка нема да ја уништи истата.

Претседателот на управниот одбор, Ханс Дитер Печ и извршниот директор, Матијас Милер, изјавија дека само мала група на вработени е одговорна за манипулацијата на тестовите за мерење на емисијата на штетни гасови во САД и нема показатели дека членовите на управниот одбор се вмешани во најголемата криза во историјата на компанијата.

Фолксваген призна каде се корените на тешката измама

Фолксваген призна каде се корените на тешката измама

Фолксваген е погоден со најголемиот сандал во својата историја од септември, кога призна дека во 11 милиони автомобили ширум светот има вградено софтвер за лажирање вредности на издувните гасови во лабораториските тестирања.

Скандалот предизвика турбуленции во автомобилскиот сектор ширум светот, а имаше и стравови дека ќе се одрази и на целосната германска економија, пренесува Франс прес.

Од компанијата соопштија дека чекорите за подобрување на надзорот за софтверот за мотори се веќе договорени, за да се избегнат било какви идни манипулации. Исто така, најавено е воведување на нови корпоративни структури кои би требало да стапат на сила во почетокот на 2017-та.

Скандалот не може да се препише на еднократна грешка, туку на низа грешки кои датираат од 2005, кога Фолксваген лансираше голема нова компанија за продажба на дизел автомобили во САД.

Компанијата призна дека системски го подесувала софтверот во дизел автомобилите за да ги исполни критериумите за емисија на јаглеглерод диоксид во САД. Манипулирачкиот софтвер ја активира контролата на емисија на штетни гасови кога автомобилот поминува на тестирање, а ја деактивира во текот на вообичаеното возење поради подобрените перформанси на возилото.

Фолксваген призна каде се корените на тешката измама

Фолксваген призна каде се корените на тешката измама

Европските официјални лица беа тие кои им укажаа на проблемот со спорниот софтвер на америчките власти, изјави претседателот на калифорниската еколошка агенција, Мери Николс.

Како и да е, официјалните лица на Фолксваген се надеваат дека во наредните неколку денови или недели ќе се постигне договор со америчките власти за заштита на животната средина за да може да почнат да се враќаат возилата во САД. Компанијата минатиот месец соопшти дека фалисификувала податоци за потрошено гориво и емисија на CO2 на околу 800.000 автомобили продадени низ цела Европа и дека за тоа очекува трошоци од најмалку две милијарди евра, вклучувајќи ја компензацијата за купувачите.

Фолксваген оваа недела соопшти дека нема направено добра проценка за тоа колку нови автомобили се погодени со скандалот, истакнувајќи дека станува збор за помал број возила отколку што претходно било проценето.

Најчитани вести