Фолксваген се намалува за 30.000 работни места

фолксваген

Намалувањето на работните места е дел од поопфатен план за зголемување на профитабилноста и инвестирање во возила на електричен погон.

Околу 23 илјади работни места ќе бидат укинати во Германија, а остатокот во Бразил и Аргентина. Со отпуштањата се очекува да се заштедат околу 3,7 милијарди годишно со почеток од 2020 година.

Како казна за лажните мерења на нивото на загадувањето на дизел моторите Фолксваген треба да плати околу 13 милијарди евра на американските власти и сопствениците на автомобилите. Вкупно околу 11 милиони возила користеле фалсификуван софтвер во своите возила.

Фолксваген има вкупно повеќе од 600 илјади вработени од кои 120 илјади работат во германските фабрики.