„Фондацијата Клинтон“ ќе се откаже од странските донатори ако Хилари победи на изборите

Фондацијата на семејството Клинтон ќе се откаже од прифаќање подароци од странски лица и корпорации, доколку Хилари Клинтон победи на претседателските избори во ноември, соопшти портпаролот на Фондацијата, цитиран од светските агенции.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на вработените им соопштил дека доколку Хилари победи на изборите тој ќе поднесе оставка од раководството на Фондацијата, која во иднина ќе прима средства само од американски граѓани и независни добротворни здруженија.

Поранешниот шеф на држава, исто така, објавил дека во септември ќе биде одржана последната, 12-та по ред, годишна иницијатива на Фондацијата, која собира лидери на држави и бизнисмени, за да разгледаат теми како сиромаштијата, здравствената заштита, развојот…

Добротворната фондација беше основана од Клинтон во 2001 година, откако тој ја напушти Белата куќа. Оттогаш организацијата успеа да привлече над две милијарди долари, вклучувајќи ги и парите од политичките поддржувачи на семејството Клинтон, како Саудиска Арабија, што постојно е многу критикувано од републиканците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.