Македонија

Фондацијата „Лер-Ит“ додели признание на најдобриот земјоделец во Штип

Фондацијата „Лер-Ит“ додели признание на најдобриот земјоделец во Штип

Фондацијата „Лер-ИТ“ и Општина Штип, синоќа одржа средба со земјоделците од Штип и штипско. На средбата учествуваа педесетина земјоделци, кои присуствуваа на предавање на тема „Земјоделството во зимски и пролетни услови“.

„Нашата програма, како фондација содржи бројни проекти. Дел од нив се веќе влидливи низ Штип,каков што е примерот со коритото на река Отиња, уредување на паркови и слично. Но во нашата програма има проекти и за земјоделците. На пролет започнуваме со посети низ селата, со цел воочување на проблемите и давање на практични совети за земјоделците“, рече Ангел Бојаџиев, извршен директор на фондацијата.

Бојаџиев му додели признание на Томислав Коцев, кој во последните пет години остварува рекордни приноси во лозарството. На околу 2,5 декари, Коцев има околу 2600 килограми грозје од еден декар, или приближно 6000 килограми, што го сместува во врвот на рекордерите во лозарството.

Љупчо Иванов, дипломиран агроном, оддржа предавање за земјоделството во зимски и пролетни услови по што одговараше на прашање, укажувајќи совети за земјоделците. Најголем дел од проблемите кои ги имаат земјоделците од овој крај се однесуваат на непознавање на употребата на вешачките и природните ѓубрива, во поглед на дозирање, начин, употреба и време а добија и стручни совети за заштита од болести на растенијата со зимско прскање.