Чифлиганец ќе обнови опожарена куќа во Дедино и донира во училишта во Радовиш и Раклиш

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора инженеринг ќе им изградат нов дом на семејството Трајкови во радовишкото село Дедино, чија куќа до темел изгоре во неодамнешниот пожар. Денес брачниот пар Ивана и Јован Трајкови во Дедино ги посети проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој одлучи да им помогне на настраданите веднаш штом дозна за нивната тажна приказна.

„По божиќните празници ќе почнеме со изградба на нова скромна куќа на местото на опожарената со што на семејството Трајкови за брзо време ќе им обезбедиме повторно пристојни и услови за нормален семеен живот. Отсекогаш хуманоста и солидарноста ги држеле луѓето да опстанат и во најтешки услови, така треба да биде и сега, затоа колку можеме помагаме таму кај што е најпотребно.”- порача проф. д-р Ванчо Чифлигаец, ген. дир. на Адора инженеринг при посетата на местото на опожарената куќа во Дедино, каде во срдечен разговор со Трајкови ги охрабри да издржат додека им се санираат штетите и се обнови нивната куќа во која го минале животниот век.

10

„Огромна благодарност на Чифлиганец, човек од овој крај, кој дојде да ги слушне нашите маки и со чија помош ќе се вратиме во семејниот дом, кој го загубивме во пожарот. Немаме зборови да ја искажеме нашата среќа што благодарние на неговата хуманост и човечност, откако по пожарот се сместивме кај соседите, се најде решение да се подигне нова куќа над пепелот од старата и повторно да си имаме наш дом”.- изјави Ивана Трајкова, чија куќа неодамна изгоре во пожарот.

3

11

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во хуманата мисија во радовишкиот крај на Основното училиште „Никола Карев” во  Радовиш и подрачното одделение во Раклиш им подари паметна табла, смарт телевизор, таблет компјутери и новогодишни пакетчиња за учениците во пресрет на празниците. Поддршката на образованието како темел за успех и напредок на младите луѓе и за развој на државата, во училиштето каде д-р Чифлиганец го започнал остварувањето на неговиот животен сон е дел од општествено одговорните активности на Адора инженеринг за изградба на подобар, похуман, поздрав и посреќен свет.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.