Фондот за иновации ќе ги објави добитниците на грантови од третиот повик

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги објави добитниците на грантови од третиот јавен повик за доделување средства за новоосновани „старт ап“ и „спин – оф“ компании.

За финансирање проекти за овој јавен повик се обезбедени 450 илјади евра, а се планира да бидат финансирани 15 компании.

Третиот јавен повик беше отворен од 1 јули до 1 август за инструментот за поддршка кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани претпријатија коишто постојат најмногу шест години, микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија.

Целта е да се поттикне иновативноста кај претпријатија и имплементирањето  иновативни решенија.