четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 32

Фондот за иновации на 3-от повик ќе додели 15 грантови до 30.000 евра

fond-inovacii

Поврзани вести

Вкупно 51 апликација пристигнала на третиор повик кој го има објавено Фондот за иновации и технолошки развој за Стар ап претпријатија, информира  директорката Јасмина Поповска.

-На третиот повик планираме да доделиме 15 грантови до 30.000 евра. моментално најмногу има интерес во делот на информатичките технологии. 35 апликации доаѓаат токму со иновативно решение од оваа област. Но се повеќе има апликации кои доаѓаат од областа на земјоделие, образование, прехранбена индустрија. Така што има околу 1015 апликации кои се од останатите сектори, информира Поповска.

Со Фондот за иновации, голем број на граѓани од Македонија за прв пат добија можност своите иновативни идеи да ги реализираат на соодветен начин. Радува фактот и што се поголем број на млади се дел од овие иновативни идеи, дел од нив студирале во странство и се враќаат во Македонија да ја реализираат својата идеја и да започнат бизнис.

-Честопати и некој експерт со долгогодишно искуство во тимот има млади луѓе. Оние тимови кои што работата на проектите се претежно млади. Тоа што ме радува е што имаме голем број на луѓе кои што се на последипломски и докторски студии во странство се враќаат во земјата и почнуваат бизнис, што значи дека ова е одлична иницијатива за луѓето да останат во Македонија и да размислуваат за свој сопствен бизнис, вели Поповска.

Голем број на граѓани ја посетуваат и Канцеларијата на Фондот за иновации и технолошки развој, заинтересирани се да се информираат, а според бројноста на апликациите и комплетноста на истите може да се заклучи дека со секој нареден повик, професионалноста и заинтересираноста расте.

Најчитани вести