Магазин

Форбс: Богатството на Мајкл Џексон пораснало за 140 милиони долари

Форбс: Богатството на Мајкл Џексон пораснало за 140 милиони долари

Според магазинот „Форбс“, во изминатата година богатството на покојниот поп-крал Мајкл Џексон пораснало за 140 милиони долари, додека на Елвис Присли за 55 милиони. По нив се наоѓа уметникот Чарлс Шулц со заработка од 40 милиони долари.

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на ѕвездите кои „прават пари“ и по својата смрт.

Елизабет Тејлор имала заработка од 25 милиони, особено поради старите филмови и добрата продажба на парфеми со нејзин потпис. На петтото место се наоѓа реге пејачот Боб Марли со заработени 20 милиони, благодарение на неговиот лик на торбите, маиците, па дури и на некој безалкохолен пијалак.

Исто така на оваа листа се наоѓаат и Мерлин Монро (17 милиони долари), Џон Ленон (12 милиони), Алберт Ајнштајн (11 милиони), Теодор Гејзел (9 милиони), Брус Ли (9 милиони), Стив Меквин (9 милиони) и Бети Пејџ (9 милиони), во чија чест од следната година ќе има шоу во Лас Вегас, на кој ќе има и холограм од една од нејзините стриптиз шипки.