четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Форбс: Дваесетте најбогати луѓе се за 70 милијарди долари посиромашни

Форбс ја објави листата на 20-те најбогати луѓе во светото. Според годишното рангирање на милијардерите, нивниот број годинава се намалил, а најголем губитник е Карлос Слим. Богатството на 20 те најбогати луѓе на планетата годинава паднало за повеќе од 70 милијарди долари што се должи на падот на глобалните финансиски пазари.

forbs-najbogati

Поврзани вести

Карлос Слим – губитник на годината

Според последното годишно рангирање на „Форбс“, падот на цените на акциите, драматичниот пад на цената на нафтата и несигурните валути ја потресоа глобалната елита.

Богатството на 20-те најбогати годнава паднало на 827 милијарди долари во споредба со минатата година кога изнесуваше 899 милијарди долари, а бројот на милијардери паднал од 1.826 на 1.810 лица. Ова е прв пат во седум години бројот на милијардери да се намали, и исто така е прв пат да биде забележано и намалување на богатството по 2012-тата година.

Карлос Слим годинава загуби 50 милијарди долари

Карлос Слим годинава загуби 50 милијарди долари

Но, повеќе од една третина од тие 70 милијарди долари загуба е само од еден човек: Карлос Слим. Богатството на мексиканскиот телекомуникациски тајкун се намалило од 77, 1 милијарди на само 50 милијарди долари за 12 мецеси. Акциите во неговата банка, Групо Финансиеро Инбурса, телеком компанијата Америка Мовил и рударската група Минера Фриско забележаа големи падови.

Како резултат на ова Слим веќе не е вторн најбогат човек во светот – туку одвај се држи на 4-тото место.

Бил Гејтс – трета година по ред на врвот на листата

Бил Гејтс повторно е најбогатиот чобек на планетата, иако богатството на основачот на Мајкрософт забележа пад од 79, 2 милијарди на 75 милијарди. Тој трета година по ред се најде на првото место на листата на „Форбс“.

Бил Гејтс - трета година по ред на врвот на листата

Бил Гејтс – трета година по ред на врвот на листата

Само 197 милијардери се жени

На листата…

Најчитани вести