Форбс: Дваесетте најбогати луѓе се за 70 милијарди долари посиромашни

Ортега (79) е најбогатиот човек од Европа кој ја основал компанијата Индитекс, чиј бренд е Зара, најголемиот произведувач на облека во светот. Иако ретко може да се види во јавност често е во кафетеријата во седиштето на Индитекс во Артексио, мал град во северна Шпанија во близина на градот Ла Коруња.

Амасио Ортега - Најбогатиот човек во Европа
Амасио Ортега – Најбогатиот човек во Европа

Ортега и неговиот бизнис партнер Розалиа Мера, ја отвориле нивната прва продавница во Ла Коруња во 1975-тата. Тие сакале да ја наречат продавницата Зорба, по нивниот омилен филм „Гркот Зорба“ но морале да го променат затоа што еден бар во близина го носел истото име – па така брендот Зара го добил своето име.

Зара и Индитекс кои што не се рекламираат се познати по „брзата мода“. Во в ремето кога другите компании испраќале роба за изработка во источна Азија, Индитекс се фокусирал на изработка на колку е можно повеќе облека во Европа, така што ги полнеле сопствените продавници со најновата мода побрзо од нивните конкуренти. Секое парче облека што Зара го произведува и понатаму поминува низ Шпанија.

Десетте најбогати жени според „Форбс“
Десетте најбогати жени според „Форбс“

Најмногу милијардери во САД

Во Европа има вкупно 489 милијардери, а нивното богатство се зголемило од 1, 19 милијарди долари на 1. 89 милијарди годинава. САД и понатаму се дом на најголем број од милијардерите. Има вкупни 540 американски државјани на листата на „Форбс“, а минатата година нивниот борј изнесуваше 536.

Бројот на милијардери во Азија исто така се зголемил, но на Средниот Исток, Африка и во Јужна Америка се намалил поради намалената вредност на нафтата и други стоки со кои што тргуваат.

Десетте најбогати луѓе под 30 години според „Форбс“
Десетте најбогати луѓе под 30 години според „Форбс“

По САД најмногу милијардери има Кина, вкупно 251 што е зголемување во однос на 2015-тата кога во Кина имаше 213 милијардери. Германија е на трето место со 120 милијардери и Индија е на 4-тото место со 84.

Во Велика Британија има 50 милијардери, за разлика од лани кога беа вкупно 53. На листата има 7 новостекнати, мешу кои и театраскиот продуцент Камерон Мекинтош и Џон Блур, основачот на Триумф Мотоцикли.