Форбс: Исламската држава ги има најбогатите терористи

Исламистичката групација ИД е на врвот на листата најбогати терористички организации, објави израелското издание на списанието „Форбс“.

Според списанието ИД има годишен приход од околу два милиони долари, со што е далеку зад нејзините конкуренти.

Главните приходи на групацијата доаѓаат од продажбата на нафтени деривати на црниот пазар од наоѓалиштата во Сирија и Ирак, кои се под нејзина контрола.

Според претходните извештаи на медиумите секојдневната заработувачка на ИД од незаконската продажба на нафта изнесува два милиони долари.

Цената на нафтата, која ја нуди ИД се движи меѓу 25 и 50 долари за барел, а дневно екстремистите добиваат околу 30 илјади барели.

Исламистите запленуваат во Ирак и Сирија културно-историски вредности, кои ги продаваат преку посредници во тајни кругови во западните земји.

На второ место е Хамас со годишен приход од една милијарда долари, кои доаѓаат претежно од финансирање од државите од Персискиот Залив, како и од добротворни организации и фондови.

Меѓу десетте најбогати терористички органзации се и либанската групација Хезболах, авганистанските талибанци, меѓународната организација Ал Каеда, сомалиската групација Ал Шабаб и нигериската Боко харам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.