Форд Мустанг достапен и на европскиот пазар

По 50 години и 9, 2 милиони продадени возила, најпознатиот од Форд класиците, моделот Мустанг, конечно ќе биде достапен и на европскиот пазар. Компанијата најави дека автомобилите најпрво ќе се појават на пазарот во Велика Британија со карактеристичниот за тој пазар волан на десната страна.

Ford-Mustang_GFII_15.jpg

Се очекува дека во иднина автомобилот ќе се појави и на пазарите во остатокот на континентот.

На Островот цените почнуваат од нешто под 29.000 фунти, а стандардна опрема вклучува проекторни ксенонски фарови, спортски сопирачки и 19-инчни тркала. Во внатрешноста се двозонски автоматски клима уред, аудио систем со 9 звучници и систем SYNC со екран чуствитеклен на допир.

FordMustang_37.jpg

Во оваа фаза достапните се два мотори, 2.3-литарски EcoBoost со 314 КЅ и четири цилиндри и 5.0 „осмак“ со 418 КЅ. Тие можат да бидат во спрега со 6-брзински мануелен или со автоматски менувач со ист број брзини.

Фото: telegraph.co.uk