„Форин аферс“: На Балканот му се заканува нова криза

На Балканот се појавува нова криза, затоа што некои лидери се повеќе играат на картата на национализмот, што поттикнува се поголем број граѓани да ги нагласуваат етничките разлики, кои беа причина за проблеми во минатото, предупредува американскиот магазин „Форин Аферс“, пренесува Танјуг.

Според весникот, во регионот изминативе години е потрошено доста време за решавање на отворените прашања, но тие напори досега не ги дале очекуваните резулатати.

Како пример за ваков случај магазинот ја посочува Босна и Херцеговина, каде, како што се оценува во текстот, постојат неколку опасни фактори, како радикалниот ислам и зголеменото руско влијание, кои ја поттикнуваат меѓуетничката недоверба.

Според „Форин Афрес“, некои политичари во БиХ преземаат и конкретни чекори кон поделба на земјата, а владејачките партии на босанските Срби и Хрвати се почесто ја нагласуваат својата посветеност кон сепаратистичките цели.

– Паралментот на Република Српска веќе усвои резолуција за сепаратистички референдум во 2018 година, кој сигурно повторно ќе ги разгори непријателства, наведува магазинот.

Авторите на анализата проценуваат дека кохезијата на БиХ ќе биде поставена на тест претстојново лето за кога се очекува објавување на резултатите од пописот, што досега во неколку наврати беше одложувано. – Може да се очекува дека секоја националност ќе тврди дека е оштетена поради системски пропусти, смета „Форин Аферс“.

– Во јули ќе биде одбележана 20-годишнината од масакрот во Сребреница, а следниот месец ЕУ и ММФ ќе објават реформа на акцискиот план, кој треба да поттикне намалување на гломазната бирократија и други промени. Јавноста е категорично против кратење на државниот сектор и приватизација на јавните претпријатија, оценува весникот.

Од друга страна, препукувањата меѓу Белград и Приштина околу признавањето на косовската независност, заедно со ендемската корупција, го оставија Косово во бедна состојба. Дестици илјади жители на Косово ја напуштија земјата, поради недостиг на доверба во иднината, проценува „Форин Аферс“.

Според магазинот, во Косово постои опасност од пораст на радикализмот, но и од меѓуетнички или дури внатреетнички раздор, што би го поттикнале руските или исламистичките опорунисти.

– Доколку дојде до нешто такво, САД и европските дипломати ќе бидат принудени конечно да одговрат на прашањето кој загуби на Балканот. Наместо да изградат цврти темели за надминување на преостанатите препреки за евроатлатските интеграции, Западот дозволи младите земји повторно да почнат да грешат, оценува списанието.

„Форин Аферс“ смета дека радикалните опции за обединување на Косово и Албанија би можле повторно да предизвикаат судир со Србите.

– Во Косово се забележува активност на радикалните исламисти кои сеат страв меѓу Србите и умерените албански муслимани. Сепак, постои опасност исламистите да најдат заедничка цел со радикалните албански националисти, оценува магазинот.

Според американскиот весник, Брисел и Вашингтон треба да „ги притиснат“ косовските лидери да започнат со клучните законски реформи, додека во исто време треба да ги доведат Белград и Приштина на преговори, процес што сега е многу помалку тежок отколку во 2013 година.

– Разговорите покажаа дека кога Брисел ќе го услови напредокот со членството во ЕУ, доаѓа до прогрес во нивните односи, па тогаш и Србите и Албанците се придвижуваат кон компромис, заклучува „Форин Аферс“.