Формирана е првата Академија за банкарство

Образовната организација  „Академија за банкарство и информатичка технологија“ , прва од овој вид во Македонија е формирана во партенрство на најголемите банки и НБРМ и Економскиот институт при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Академијата е формирана по примеро на европските земји.

На основачкото собрание ќе присуствува и гувернерот на Народна Банка, Димитар Богов.

Нејзината мисијата е да се создадат современи концепти на специјалистичко образование и да се постават нови професионални образовни стандарди во двете најпреспективни и силно поврзани индустрии во светот, банкарската и информатичката.

Најдобрите кандидати кои ќе ги посетуваат програмите, добиваат можност за вработување во една од банките кои го поддржаа концептот на Академијата за банкарство и информатичка технологија.