Формирано здружение за еднородителските семејни заедници „Една може!“

Формирано здружение за еднородителските семејни заедници „Една може!“
Формирано здружение за еднородителските семејни заедници „Една може!“

Во Скопје официјално е формирано здружение на еднородителски семејни заедници Една може!, кое ќе се залага за остварување севкупна општествена грижа и третман на самохраните мајки и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права.

Здружението „Една може!“ во денешното соопштение до медиумите наведува дека е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓанки.

– Ние, самохраните мајки од земјава решивме да се обединиме и да се изборуваме за нашите потреби преку зајакнување на капацитетите за одржливост на нашите семејства… Ќе изнаоѓаме правни советни рамки за институционална вклученост, за воведување специфични законски правни, социјални, работодавни, здравствени, образовни и социјални рамки согласно потребите на еднородителските семејни заедници, се наведува во соопштението.

Од здружението, кое е формирано на 4-ти овој месец, истакнуваат дека ќе се борат за секој поединец и ги повикуваат сите кои се чувствуваат засегнати да им се приклучат.