Формула 1 доби песна (ВИДЕО)

Организаторите на Формула 1 се обидуваат постојано да воведуваат новитети, па така натпреварувањето пред новата сезона доби и нова песна.

Композицијата е дело на Брајан Тајлер, кој е познат по тоа што ја направи музиката за филмовите „Одмазници“, „Пеколни улици“ и „Ајрон мен“.

Меѓу низата промени кои беа воведени за оваа сезона е и дека „грид – девојките“, кои ги најавуваат трките, се заменети со „грид – деца“.

Новата сезона во Формула 1 почнува овој викенд во Мелбурн со Големата награда на Австралија.