Формула 1: Рикардо најбрз во Баку, Фетел и Хамилтон без пиедестал

Австралиецот Даниел Риикардо од тимот на „Ред Бул“ победи во трката за Големата награда на Азербејџан од Светското првенство во Формула 1 која се возеше во Баку
Рикардо својата прва победа сезонава ја оствари пред Финецот Валтери Ботас од тимот на „Мерцедес“ и Канаѓанецот Ленс Строл од „Вилјамск-Мерцедес“.

Австралиецот на чело на трката изби откако Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“ беше казнет со 10 секунди застанување во боксот поради преагресивно возење додека на патеката беше „безбедносното возило“.

Фетел го „зачеша“ болидот на Британецот Луис Хамилтон од „Мерцедес“, кога овој забавуваше на влез во еден свиок. Хамилтон ја загуби можноста за победа, бидејќи и тој мораше да влезе во боксот поради интервенција на возилото.Во генералниот пласман води Фетел со 153 бодови, втор е Хамилтон со 139, а трет е Ботас со 111 бодови.

Следната трка е за Големата награда на Австралија којашто ќе се вози на 9 јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.