Форум на чинители и засегнати страни на обновливите извори на енергија

Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија во соработка со Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ и Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија организираат петта средба на Форумот на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија.

На Формуот ќе се обрати и заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Главната цел на форумот е да се соберат на едно место сите засегнати страни од јавниот, приватниот и невладиниот сектор и да се презентираат  актуелни теми од областа на обновливите извори на енергија.