Форум на работодавачи во општина Аеродром

Во просториите на Општина Аеродром, вчера се одржа Форум со 30-тина работодавачи од Општина Аеродром со цел преку промоција на мерките за зајакнување на капацитетите на фирмите да се зајакне соработката меѓу локалните бизниси и институциите.

На форумот, исто така, беа промовирани позитивните искуства од користење на достапните мерки и поволности, а се претставија и корисни информации за младите претприемачи.

Форум на работодавачи во Општина Аеродром се одржа во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност.