Македонија

Форум за безбедност во Охрид

Форум за безбедност во Охрид

Четвртиот Форум за безбедност се одржува од денеска  до 30-ти овој месец во Охрид, во организација на Маршал центарот од Република Македонија. Темата на Форумот е   „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“.

На отворањето на форумот ќе се обрати министерот  за одбрана Зоран Јолевски.

Маршал Центарот од Република Македонија го организра форумот четврта година по ред во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ К. Маршал и со поддршка на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим.

На годинашниот форум, покрај преставниците на алумни асоциите на Џорџ К. Маршал центарот од земјите од Западен Балкан, ќе учествуваат повеќе истакнати професори, аналитичари и експерти од регионот и пошироко.

На Форумот ќе говорат и проф. д-р Џим Шерока од САД, поранешниот пратеник во Европскиот парламент Ханс Свобода и Горазд Бартол, шефот на мисијата на НАТО во Скопје.