Форум за стручно оспособување и вработување на лица со попреченост

Форум на тема „Стручно оспособување и вработување на лица со попреченост“  денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во соработка со ЕАСПД и Центарот за обука, едукација и грижа – ДРАГА од Словенија.

Целта на настанот е да се овозможи дискусија меѓу засегнатите страни во областа на стручно оспособување и вработување на лица со попреченост, како и да се презентираат европските трендови и македонските искуства, практики и тековни реформски процеси во оваа област.

Форумот се организира во рамките на проектот на европскиот проект ИНВЕСТТ на ЕАСПД – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.