Форум за вински туризам во Демир Капија

Форум за вински туризам и вински патишта ќе се одржи денеска во Демир Капија во организација на Министерството за економија и фондацијата „Тиквешки вински пат“, кои вчера во Скопје организираа и меѓународна конференција на оваа тема.

На форумот ќе стане збор за потребите од едукација во туризмот, особено во винскиот, пренесува МИА.

Винскиот туризам во Македонија почнува да се развива од 2005 година кога стартуваше и Фондацијата Тиквешки вински пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.