Форумска сесија за буџетот во општина Илинден

Во средното општинско стручно училиште „Илинден“ се одржа Третата од предвидените шест форумски сесии од програмата „Форуми во заедницата“ – Буџетски форум во креирањето на буџетот на Општина Илинден за 2015 година.

На третата форумска сесија се изврши презентација на анализата на предлозите за зголемување на приходите во буџетот на Општина Илинден на работната група, дадени од граѓаните на Втората форумска сесија. На оваа форумска сесија беше разгледан и прегледот на планирани расходи по програмите на Општина Илинден за 2015 година.

Buzetski forum vo Opstina Ilinden-2

Веднаш по презентациите следуваше богата дискусија во која беа вклучени повеќе предлози од граѓаните за приоритетните проекти во овие програми. Како и на претходните две сесии така и на оваа граѓаните со својата интерактивност и партиципативно учество се вклучија во креирањето на Општинскиот Буџет за 2015 година.

Програмата „Форуми во заедницата“ што се реализира во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој и ЗЕЛС има за цел да го поддржи процесот на децентрализација во Република Македонија и да им овозможи на граѓаните со сопствени идеи и предлози да учествуваат во развојот на локалната заедница.