Фосили во Мароко стари 300.000 година прават пресврт во потеклото на човекот

Разбирањето на потеклото на Човекот на планетава направи целосен пресврт со откривањето на фосилите во мароканското археолошко наоѓалиште Џабел Ирхуд Маорка, од кои некои се 100.000 години постари од кои и да се досега пронајдени останки од човековиот вид,

„Ова откритите претставува самиот корен на нашиот вид, најстариот Хомосапиенс пронајден во Африка или на кое и да е друго место“, вели Жан-Жак Аблен, еден од водачите на истражувањето и директор за човековата еволуција во Институтот Макс Планк во Лајпциг.

Во „гнездото на човековите останки“ откриени се черепи, коски од екстремитети и заби од најмалку пет поединци со старост којашто се проценува на 300.000 година, што претставува вистинска сензација во областа на антропологијата.

08FOSSIL1-superJumbo

Ова откритие во Северна Африка, а не како досегашните во источниот дел од континентот или во субсхарска Африка, исто така, од корен ги изменува досегашните сознанија. Забите и лицата наликуваат на денешните луѓе, но издолжените черепи покажуваат дека на мозокот му било потребно многу повеќе време да еволуира до денешната форма.

Палеоантропологот Филип Ганц оценува дека овие откритија зборуваат дека лицето на Хомосапиенсот се формирало случно на денешното многу рано во историјата на овој вид, но оти обликот на мозокот, а веројатно и неговата функција, многу подоцна.

homo 1

Меѓутоа, имајќи го предвид изгледот на лицето и забите кај современиот човек, Аблен оценува дека тие се многу случни на денешните, како и дека тешко може да се разликуваат доколку на главата им се стави шапка.

До пред откритието на археолошкиот локалитет Џабел Ирхуд, сместен меѓу градот Маракеш и Атлантскиот брег на Мароко, за досега најстари познати останки од Хомосапиенсот беа сметани оние од етиопскиот локалитет Омо Кибиш, чијашто старост се проценува на 195.000 години.

Научниците се главно согласни во прашањато дека Хомосапиенсот потекнува од Африка, иако неодамна некои откритија во Бугарија и Грција покажуваат дека и оваа теорија може сосема да е изменета, меѓутоа откритијата во Мароко зборуваат дека историјата на еволуцијата веројатно го опфатила целиот африкански континент и дека Хомосапиенсот пред 300.000 години бил распространет ширум Африка.

„Пораката којашто би сакале да ја пренесеме е дека нашиот вид е многу постар отколку што досега се мислеше и дека не се појавил како ’Адам во Рајот’ некаде во источна Африка. Тоа е панафрикански процес и е многу покомплексен отколку што досега се веруваше. Веројатно пред 300.000 години, прд Џабел Ирхуд, претците на нашиот вид се раштркале низ целиот африкански континент и целата Африка учествувала во тоа“, вели Аблен.

Мароканските фосили откриени во спила, се останки од три возрасни индивидуи, еден адолесцент и едно дете чијашто возраст се проценува на околу осум години, а се верува дека биле лови собирачи. Покрај нив имало и коски од животни, меѓу кои на древните видови газели и зебри кои ги ловеле, како и камено орудие како што се копја и ножеви, како и докази дека бил користен оган.

Датирањето на фосилите од мароканското наоѓалиште го направил Даниел Рихтер со техниката на термолуминисценција, којашто се користи од 1980-те години. „Веќе имаме откриено таков тип орудија, исто така датирани на 300.000 години, помалку насекаде низ Африка, но не знаевме кој би можел да ги произведе“, вели Рихтер и додава дека сега научниците може да ги поврзат со Хомосапиенсот.

Според ова, значи дека многу различни групи коегзистирале, не само во малку оддалечените региони, туку исто така и во соседните области. Хомосапиенсот денеска е единствениот човеков вид, но пред 300.000 години тој веројатно ја делел планетата со неколку денес изумрени роднини во Евроазија, Ненадерталците на западот и Денисованите на истокот, како и другите во Африка.

„Значи долго време коегзистирале повеќе видови на Човек во светот и тие се вкрстувале, соживувале, разменувале гени“, смета Антоан Балзу, палеоантрополог кој не учествувал во откривањето но смета дека тоа е „многу убаво“.

Аблен заклучува дека денес „сé повеќе се оддалечуваме од линеарната визија за човековата еволуција, според којашто видовите се нижеле еден по друг“.