Фотелјата единствениот принцип: До вчера се обвинуваа за криминал, а сега ќе седат во иста влада

Според пишувањата на некој медиуми, поранешниот градоначалник Рамиз Мерко ќе добие министерско место во новиот состав на владата која лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да ја формира.

Што ќе каже сега лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села за изборот на Мерко, откако тој во 2014. година го обвинуваше Мерко дека го оштетил буџетот на општина Струга за десетина илјади евра?

Тој изјави дека дел од објектот каде што е сместен Меѓународниот Универзитет во Струга, Мерко го легализирал како објект за живеење, а не како деловен објект.

-Имавме една одлука за ревидирање на легализациите кои се направени и најдовме еден предмет во кој длабоко е навлезен поранешниот градоначалник на Струга и сега кандидат за пратеник на ДУИ, Рамиз Мерко. Нанесена е штета на граѓаните на Струга, на нашиот град, на нашите граѓани во висина од 71.000 евра, обвини Села во 2014. година.

За потсетување, во 2012. година струшката полиција поднесе кривична пријава против Мерко поради тоа што во 2010. година издал одобрение да се постави урбана опрема, односно монтажен шанк во Струга на брегот на Охридското езеро, но наместо монтажен шанк, фирмата изградила објект од тврда градба со поголема површина, а општината не направила контрола.

Следната година, и покрај тоа што Министерството за култура донело одлука таа парцела да се стави под привремена заштита како културно наследство, Мерко му издал ново одобрени на сопственикот.

Откако ја направија Тиранската платформа, на Села и Мерко криминалите од минатото веќе не им се проблем за меѓусебна соработка, туку им е важно како да седнат на фотелјите заедно со Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.