ФОТО: Адел воодушеви без шминка на насловната на „Ролинг стон“

Дваесет и седумгодишната Аделе голем љубител на темната шминка со која ги нагласува очите, но сега се одлучи да покаже дека може и без тоа.

Имено, пејачката осамна на насловната страница на магазинот „Ролинг стон“ без шминка.

Фотографијата ги воодушеви обожавателите кои и порачаа дека е прекрасна во вакво издание.

Адел во интервју за „Ролинг стон“ открива дека многу пати добила понуда од Плејбој.

-Толку пати ме прашаа што веќе ми е смешно. Дали тоа го прават затоа што сум жена или затоа што сум дебела?, вели пејачката, чија песна „Хелоу“ ги собори рекордите на продажба.

Погледнете како изгледа Адел без грам шминка на следната страница.