ФОТО: Актер од „Ѕвездени патеки“ почина во трагична сообраќајна несреќа

Актерот Антон Јелчин, кој се појавуваше во улогата на младиот Павел Чеков во новиот серијал на „Ѕвездени патеки“ (Star Trek), e пронајден мртов на патот кон својот дом во Сан Фернадино, Калифорнија.

Антон Јелчин рано утринава почина во фатална сообраќајна незгода. Неговото семејство во моментот бара да ја почитувате нивната приватност, изјави публицистот на Јелчин.

1anton-jelcin

Јелчин, кој имаше само 27 години, починал откако бил удрен од сопственото возило, по што завршил згмечен помеѓу автомобилот и поштенското сандаче од цигли кое е во склоп на капијата.

Неговите пријатели и колеги се уште се во неверување по веста за неговата смрт, а социјалните мрежи се преполни со коментари за сочувство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.